ГОЛЕМИ ПОТРЕСИ ВО ФУДБАЛОТ: Од судење се откажа еден од најдобрите македонски судии
ФУДБАЛ
10/11/20261 min read


Македонскиот интернационален фудбалски судија, Игор Стојчевски, на Фејсбук објави дека се повлекува од судењето, а за одлуката веќе ги известил и надлежните во Фудбалската федерација на Македонија.
Во изминатиот период името на Стојчевски се споменуваше во негативен контекст, посебно беше во фокусот по пријателскиот натпревар на репрезентациите до 21 година меѓу Македонија и Русија поради досудените пенали.
„Ги информирав претседателот на ФФМ и претседателот на судиската организација, како и комесарот за делегирање дека немам намера повеќе да судам. Сакам да бидам со моето семејство во овие тешки фамилијарни времиња и не сакам да дозволам да страдаат моите најблиски со невистини и манипулации што се шират во јавноста од осудувани криминалци“, напиша Игор Стојчевски.
