Големи потреси во МЗТ Скопје

КОШАРКА

10/30/20261 min read

МЗТ Скопје Аеродром ја известува спортската јавност и своите навивачи дека клубот и досегашниот шеф на стручниот штаб, Васко Атанасов, спогодбено ја прекинаa меѓусебната соработка.

Атанасов ја презеде тренерската палка во 2023 година и испиша светли страници, влегувајќи во историјата на македонската кошарка како најмладиот стратег кој стигнал до шампионски трофеј. Зад неговото име засекогаш ќе останат запишани неверојатни успеси со нашиот клуб:

4х Шампион на Македонија (2023, 2024, 2025, 2026)

3х Куп на Македонија (2024, 2025, 2026)

3х Суперкуп (2023, 2024, 2025)

Управата на клубот му изразува огромна благодарност на Васко за неговиот беспрекорен труд, посветеност и за професионализмот што го покажа водејќи го нашиот тим. Му посакуваме многу здравје и уште поголеми успеси во неговата понатамошна тренерска кариера!

Името на новиот прв тренер ќе биде соопштено во текот на наредните денови. Дотогаш, со екипата ќе работат досегашните помошници на Атанасов – Дејан Србиновски и Тино Даневски.