Големи проблеми за Милан

ФУДБАЛ

10/8/20261 min read

Милан потврди дека до крајот на календарската година нема да може да смета на Алексис Салемакерс, кој заработи сериозна повреда на десниот скочен зглоб.

Белгискиот репрезентативец го повредил истиот зглоб на кој во 2024 година имаше оперативен зафат. По направените медицински прегледи, од Милан соопштија дека Салемакерс ќе биде надвор од терените најмалку до крајот на годината.

„Неговиот скочен зглоб ја загуби стабилноста, а станува збор за истиот зглоб кој беше опериран во 2024 година. Направени се сите потребни прегледи, а првичните проценки се дека ќе биде надвор од терените најмалку до крајот на календарската година“, објави Милан.

Италијанските медиуми дополнуваат дека повредата најверојатно ќе бара и нова операција, што дополнително би го продолжило периодот на рехабилитација.