Големо изненадување: Само една репрезентација во Лигата на нации нема примено гол!!
ФУДБАЛ
10/6/20261 min read


Статистиката вели дека досега гол не примила само селекцијата на Северна Ирска која се натпреварува во Лига Б. Таа е прво место во својата група во која се уште и Унгарија, Украина и Грузија.
Ирците имаат дадено четири голови, а немаат примено ниту еден. Имаат две победи и две нерешени со резултат 0-0.
Четири селекции не постигнале гол, меѓу кои на оваа црна листа е и нашата Македонија. Покрај нас, тука друштво ни прават Грузија, Сан Марино и Лихтенштајн.
