Горан Закариќ го чува Вардар!
ФУДБАЛ
10/11/20261 min read


Македонскиот шампион Вардар триумфира со 2-1 во пресметката против Скопје во деветтото коло од Првата лига.
Скопје поведе со голот на Виктор Ангелов во првото полувреме, односно во 26. минута, а истиот резултат остана до крајот на првите 45 минути.
Вардар се обидуваше да ја пробие одбраната на Скопје и конечно успеа во 59. минута кога Горан Закариќ погоди за 1-1.
Домашниот тим во продолжение од средбата чекаше шанси од контра-напади, додека Вардар неколку пати се закануваше, меѓутоа без успех сè до судиското надополнување кога Закариќ со неговиот втор погодок ги постави конечните 2-1.
Горан Закариќ игра феноменално, има постигнато шест голови на последните четири дуели за Вардар.
