ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА: Томовски е втор најдобар голман во најсилната лига на светот!!
РАКОМЕТ
10/12/20261 min read


Според статистиката за сезоната 2026/27, Томовски, кој го брани голот на Битигхајм, се наоѓа на второто место на листата на голмани со најмногу одбрани. Македонецот има забележано 83 одбрани на седум натпревари, со успешност од 26,95 проценти.
Пред него е само Давид Шпет од Рајн-Некар Левен, кој има 103 одбрани на осум средби. Томовски, пак, е пред голем број етаблирани голмански имиња во германскиот ракомет, меѓу кои и Андреас Волф од Кил, кој има 76 одбрани.
Навистина нашиот Томовски е во одбрано друштво. Освен тоа, македонскиот голман брани извонредно во најсилната лига на светот. Секоја чест за Мартин и само напред.
