Ѓорѓиевски: Време е Македонија да излезе од кризата - можеме да ѝ се спротивставиме на Шкотска!
ФУДБАЛ
11/11/20261 min read


Напаѓачот Марко Ѓорѓиевски се надева дека ќе добие можност за настап и дека ќе успее да даде свој придонес за репрезентацијата. Тој верува дека Македонија има квалитет да излезе од резултатската криза и повторно да почне да напредува.
„Се надевам дека ако добијам шанса на натпреварот, ќе дадам свој придонес за добар резултат. Очекувам да почнеме да одиме во нагорна линија, онака како што заслужува оваа репрезентација. Во секоја екипа се случува да има мала криза, но мислам дека работите ќе тргнат во посакуваната насока“, истакна Ѓорѓиевски.
„Мислам дека селекторот ќе најде начин како да се поставиме и да одиграме одличен натпревар, да ѝ се спротивставиме на Шкотска и да извлечеме позитивен резултат“, порача напаѓачот на Шкендија кој има можност да дебитира во националниот тим.
