Горига: Ја чувствувам љубовта, среќен сум што играм за Македонија!
РАКОМЕТ
11/5/20261 min read


Поранешниот ракометар на Вардар не го криеше задоволството што го облече дресот на Македонија, најавувајќи уште подобри партии во иднина.
„Пресреќен сум, искрено сум воодушевен од начинот на кој сум дочекан. Толку навивачи по мечот, ја чувствувам љубовта и затоа пак ќе повторам – ја чувствувам Македонија за своја и чест ми е што играм за оваа репрезентација.
Прекрасно сум примен од соиграчите, малку време сум овде, верувам дека ќе биде уште подобро како што ќе минува времето. Што се однесува до самиот натпревар, очекувано триумфиравме лесно, одигравме квалитетен натпревар и очекувам да бидеме уште поквалитетни на наредните натпревари. Овој дуел брзо ќе го заборавиме, одиме на победа и во Грција“, истакна Горига.
