„Гробарите“ во транс, доаѓа Обрадовиќ!
КОШАРКА
10/13/20261 min read


Панатинаикос гостува во Белград во петтото коло од Евролигата. Обрадовиќ порача дека подготовката на тимот е поважна од личното значење на средбата.
„За мене лично, натпреварот против Партизан не е најважен, важен е за екипата. Затоа ќе се обидеме да се подготвиме на најдобар можен начин“, рече Обрадовиќ, пренесе „Спортал“.
Панатинаикос доаѓа по убедлива победа во Патрас..
Атинскиот тим ја заврши последната обврска во грчкото првенство со победа над Промитеас од 84:59. Обрадовиќ беше позадоволен од одбраната отколку од нападот.
Тој оцени дека кошаркарите во голем дел од натпреварот играле сериозно и дека одбранбено биле на потребното ниво, но посочи дека нападот не го следел истиот стандард. И покрај забелешките, им честиташе на играчите за настапот.
Гостите без пораз, Партизан со три победи!!
Панатинаикос во Белград пристигнува со четири победи од четири евролигашки натпревари. Според „Спортал“, Партизан ја пречекува средбата со три победи и еден пораз.
Дуелот има дополнително значење поради претходниот ангажман на Обрадовиќ во Партизан. Неговото враќање во белградската Арена, овојпат на противничката клупа, е меѓу главните причини за големиот интерес за натпреварот. Навивачите на црно-белите ќе имаат можност повторно да го поздрават поранешниот тренер, додека тој ќе се обиде да го предводи Панатинаикос до нова евролигашка победа.
