ХРАБРАТА МАКЕДОНИЈА оди по голема победа среде Грција!

РАКОМЕТ

11/8/20261 min read

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ја продолжува битката за пласман на Европското првенство во 2028 година, со гостувањето кај Грција во рамките на второто коло од квалификациите. Селекторот на македонската селекција направи една измена во ростерот во однос на составот кој настапи на премиерниот натпревар против Луксембург.

Од списокот за денешната пресметка отпадна десниот бек Филип Николов, кој не доби шанса ниту на првиот квалификациски дуел. Негово отсуство е единствената промена во играчкиот кадар, додека на голманската позиција Иван Галевски е заменет со Васил Гогов.

Да им посакаме среќа и многу успех на нашите ракометари кои убедени сме дека ќе одиграат уште еден одличен дуел и дека на крајот ќе се радуваме сите заедно на уште една голема и слатка победа.

Натпреварот Грција – Македонија ќе се одигра денеска во салата „Тасос Камбурис“ во Халкида, со почеток од 16:00 часот.