И ова го има: Одби трансфер од 40 милиони евра бидејќи не сака да живее во мал град во Велс

ФУДБАЛ

9/27/20261 min read

Чешкиот репрезентативец Павел Шулц одбил трансфер во Велс вреден дури 40 милиони евра, иако Лион бил подготвен да ја прифати понудата од Врексам.

Шулц, кој има 25 години, не сакал да го напушти францускиот клуб и да се пресели во Врексам, град со нешто повеќе од 40.000 жители. Дополнителен фактор била и желбата на фудбалерот да не игра во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал.

„Искрено, Врексам изгледа како вистинска холивудска приказна. Сепак, не сакав да одам во Чемпионшип или во мал град во Велс“, изјавил Шулц.

Чешкиот офанзивец веднаш се обидел да ја ублажи својата изјава.

„Се надевам дека ова нема да биде сфатено како непочитување. Едноставно, така е“, додал тој.