Исник Алими е шампион на Кина - но и ова не беше доволно да биде повикан од Седлоски!
ФУДБАЛ
11/9/20261 min read


Поранешниот македонски репрезентативц Исник Алими е сензационален шампион на Кина со екипата на Далиан Јингбо. Далиан Јингбо дојде до својата прва титула во историјата, откако во последното коло триумфираше со 3-1 против Тијанџин, а лидерот до пред последното коло Ченгду неочекувано загуби од Шандонг со 3-2, иако му беше неопходен само бод за да дојде до титулата.
Далиан успеа да дојде до пехарот, а во еден момент од сезоната имаше дури 14 бодови заостанување зад лидерот Ченгду. Алими ќе биде запишан во историјата како прв Македонец кој освоил трофеј во Кина.
И покрај овој голем успех и покрај одличните настапи за сега веќе шампионот на Кина, Алими не е во ростерот на Седлоски за следните два дуели на Македонија. Уште еден голем превид на Седлоски кој во овој момент не знае што прави со репрезентацијата на Македонија и кој го очекуваат уште два многу тешки дуели, а во селекцијата не ги вика играчите кои играат во супер форма како што се на пример Алими, Несторовски, Додев..
