Јакин почна да се жали: „Тука не се игра фудбал, се надевам ќе ја искосат тревата"
ФУДБАЛ
9/26/20261 min read


„На ваков терен не може да се игра фудбал, би бил среќен ако тревата биде искосена до утре. Кога ќе видите таков терен, со трева висока седум сантиметри, тогаш сте среќни што утрово трениравме во Турција“, рече селекторот на Швајцарија.
Но, и покрај тоа Јакин е убеден дека неговиот тим ќе одигра добро, затоа што на секој противник му пристапуваат максимално сериозно.
„Имаме доволно квалитет во тимот, и утре секој ќе даде максимум затоа што нема лесни противници и сите ги сфаќаме сериозно. Секако, ќе ги немаме на располагање Гранит Џака и Брил Емболо. Но, позитивни сме и ориентирани кон решенија“, рече Јакин на прес-конференцијата во Скопје.
