КАКО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО: Дмитро Хориха ќе игра за Македонија!

РАКОМЕТ

10/15/20261 min read

Македонската ракометна репрезентација добива нова опција во бековската линија. Дмитро Хориха, поранешниот ракометар на Вардар, официјално доби право да настапува за македонската национална селекција.

„Дмитро Хориха е нов член на македонската селекција. Одамна има пасош, од пред месец доби и потврда од ИХФ дека може да настапува за нашата репрезентација, се надевам дека ќе ни се приклучи уште сега со Луксембург и Грција, Добиваме играч кој е даде придонес, во зенитот е на кариерата, со него ќе добиеме на квалитет и ќе придонесе за подобри резултати“, рече претседателот на РФМ, Александар Стефанов.

„Шведска е фаворит во групата, Грција е незгоден противник, покажа дека може да се носи со појаки, но ние сме поиускусни, заедно сме 6-7 години, еден од најдобрите селектори во Европа. Сметаме дека сме поквалитетни, очекуваме пласман на на Европско првенство. Да бидат здрави играчите и да ја израдуваме Македонија“, додаде претседателот.

„Хориха има желба да игра за Македонија, пред доста време доби македонско државјанство и прашање на време беше кога ќе добие дозвола да настапи за нашата репрезентација. Моето мислење е дека со оглед на тоа дека имаше одлични настапи за Вардар, беше еден од водачите во освојувањето на титулата, се пресели во посилна лига, и во ПИК Сегед има важна улога, го следам и мислам дека групата ако го прифати, може да придонесе да бидеме поквалитетни. Има шут од надвор, победнички карактер, игра и одбрана, се надевам со него ќе бидеме поквалитетни“, истакна селекторот Кирил Лазаров.