Карачиќ си ја отвори душата: Морав да барам пари од татко ми - Вардар ми должеше 18 плати!
РАКОМЕТ
11/12/20261 min read


Човекот кој играше во Вардар и освојуваше многу титули, а беше и ракометарот миленик помеѓу навивачите во Скопје, Игор Карачиќ си ја отвори душата и говореше за тешките моменти кои ги имаше во редовите на Вардар.
„Кога играв во Вардар тој период кога ја освоивме втората титула во Лигата на шампионите немав земено плата некаде од 15 до 18 месеци. Морав да барам пари од татко ми, а во еден момент му кажав дека размислувам и да се откажам од ракометот“, изјави Карачиќ.
Популарниот Кара може да се пофали со две европски титули со Вардар.
