,,Кажете му на стариот дека е за пензија, ЕХФ му ја укина тактиката"

РАКОМЕТ

10/14/20261 min read

Навивачите не се среќни со играта на Пелистер во елитното натпреварување на ЕХФ, па удрија по тренерот Лино Червар и ракометарите на клубот...

„Кажете му на стариот дека правилото ‘7 на 6’ е веќе укинато, може ќе престане да го користи“, вели еден навивач.

„Прво избркајте го Лино Червар, нека се помачат малку екипите да ни дадат гол, доста е таа игра негова без голман и машка игра во одбрана“, се вели во друга објава.

„Со овие ракометари трето место во првенството ќе иде успех. Лино Червар игра застарена игра“, вели друг навивач.

„Ова 7 на 6 веќе стана гадно за гледање, натпреварот се загуби единствено заради тоа! Приморани технички грешки и чекање до пасивен“, се вели во друг коментар.