„Ќе беше полесно цела сала да нѐ исвиркаше и да – заминеше, ретко кога ме болело вака“

РАКОМЕТ

10/9/20261 min read

„Чувството беше поинакво против Мелсунген и Нант, сега е сосема трето. Сега сум и лут и тажен, ама се разочарав. Не се кријам и признавам. Многу пати сум бил во полн „Јане“ и како играч и тренер. Ми било полесно ако навивачите нè исвиркаа и си заминаа, наместо вака да не бодрат по мечот. Ова е мој тим, моја екипа и сакам да не ги разочаруваме овие навивачи.

Кога ќе видиме колку нè сакаат нас и клубот, дури и играчите на Висла ги поздравија, а нам ни дојде срам од поразот. Филингот ми е таков и затоа сум понерасположен, треба да го сакаш Вардар како што го сакаме ние. Сепак, постојат моменти како овој кои погодуваат повеќе. Не ми е првпат да загубам со Вардар и како играч или тренер, ама ретко кога било вака. Навивачите останаа да ни покажат поддршка долго по мечот и тоа ме погоди многу на човечко ниво“, прокоментира разочараниот Чупиќ.

Вардарци немаат време за пауза бидејќи викендов ѝ гостуваат на Струга, а веќе в среда одат на гостувањето кај Висла во Плок во четвртото коло.