Кузмановски остро: На вакви натпревари мора да се игра со 16 ракометари…

РАКОМЕТ

11/2/20261 min read

Кузмановски во натпреварот порача дека секогаш е тешко да се игра во СЦ „Јане Сандански“, но и дека мора сите 16 ракометари да имаат своевиден придонес.

„Доволно време се подготвувавме за овој меч и знаевме што не очекува, но тшко е да се игра во оваа сала. За да извадиш победа во ваква атмосфера, мора да си константен 60 минути. Мора да се игра со 16 играчи, сите да придонесат, за да се победи ваков тим. Кога се игра модерен ракомет во Европа, потребно е секој да придонесе за на крај да се радуваш.

Првенството не е решено со еден меч, има уште многу да се игра Честитки до Вардар, беа подобри, но ние последниот збор не го кажавме. Сите знаеме како треба да се бориш за дресот и името Пелистер. Мора добро сите да размислиме кој колку придонесува и како треба да се бори за екипата. Некои тоа не го покажуваат. Одиме понатаму, ништо не е решено“, изјави Кузмановски.