Македонија и Штип можат да бидат горди: Марко Џорлев е светски карате шампион!
ОСТАНАТО
10/19/20261 min read


Марко Џорлев го постигна најголемиот успех во кариерата со освојувањето на златниот медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бјeлско Бјала, Полска.
Џорлев во финалето славеше против Адам Ваги ог Унгарија со 4-1. Извонредна борба, беше во постојано водство. Македонија и Штип можат да бидат горди на младиот каратист кој во континуитет покажува напредок и ги подобрува резултатите од натпревар во натпревар.
Тренерите Сашко и Жарко Арсовски има со што да се гордеат, бидејќи нивните каратисти даваат се од себе и на големите натпревраувања освојуваат медали, така КК Штип станува еден од најтрофејните клубови со одличја од меѓународната сцена.
Марко Џорлев годинава го освои златниот медал во Светската младинска лига во Пореч и е прв на ранг-листата на ВКФ, а на ЕП беше петти.
Утре Реџеп Рушити (-84 кг) во У-21 ќе се бори за бронзениот медал.
На СП ќе настапуваат 2022 каратисти со 1970 натпреварувачки влезови од 114 држави.
Резултати Светско првенство:
Кадети
-63 кг
Марко Џорлев – Алехандро Перез (Куба) 10-6
Марко Џорлев – Хозе Андрес Гарсија (Гвајана) 6-1
Марко Џорлев – Леонс Акоповс (Латвија) 6-0
Полуфинале
Марко Џорлев – Јан Мата (Панама) 8-0
Финале
Марко Џорлев – Адам Баги (Унгарија) 4-1
