Македонија има нов бисер: Ристиќ ја урна Унгарија со хет‑трик!
ФУДБАЛ
11/11/20261 min read


Македонската репрезентација до 17 години направи сензационален пресврт и победи Унгарија 3:2 на квалификацискиот турнир што се игра во Турција. Херој на натпреварот беше Стефан Ристиќ, кој ги постигна сите три гола за нашите надежи.
Унгарија поведоа уште рано во натпреварот – Хорват реализира во осмата минута, а потоа во 48. минута Фаркаш зголеми на 0:2. Нашите млади фудбалери не се предадоа и почнаа да го тераат пресвртот.
Првиот погодок за Македонија дојде во 56. минута кога Ристиќ искористи асистенција на Павлов за да намали на 1:2. Во 86. минута Ристиќ по додавањето на Николов израмни на 2:2 и го внесе тимот во игра за победа.
Победничкиот гол падна во четвртата минута од продолжението, кога Ристиќ со асистенција на Недановски ја заврши акцијата и постави конечни 2:3 во корист на Македонија.
По оваа важна победа, нашата репрезентација има добри шанси да се пласира во следната фаза – од групата понатаму одат двете првопласирани селекции. Во групата се уште и домаќинот Турција и Сан Марино.
Македонија (почетен состав): Мемети, Акики, Масев, Аксентиев, Павлов, Адеми, Сивевски, Полимац, Велевски, Крстевски, Ристиќ. Играа уште: Николов, Полимац, Бочески, Недановски, Ѓоргиоски.
