Машала: Македонија добива десет милиони долари од ФИФА!?

ФУДБАЛ

9/18/20261 min read

УЕФА и КОНКАКАФ побараа ФИФА да им исплати најмалку по 10 милиони долари на секоја од 211-те национални федерации од финансиските резерви на светската куќа на фудбалот, објави германскиот весник „Билд“.

Како што првпат објави германскиот БИЛД, двајцата високи функционери бараат ФИФА да им исплати на сите 211 национални асоцијации најмалкупо десет милиони долари дополнителни средства.

Според германските медиуми, 55-те членки на УЕФА подготвуваат заедничка стратегија за да спречат нов избор на Инфантино на Конгресот на ФИФА во 2027 година. Се очекува до крајниот рок во ноември да биде предложен противкандидат, а поддршка за ваквата иницијатива наводно доаѓа и од КОНКАКАФ и Азиската фудбалска конфедерација.

Доколку предлогот ја добие потребната поддршка и биде прифатен од ФИФА, тоа би претставувало огромна еднократна финансиска инјекција за развој на фудбалот низ целиот свет.