Мате: Вардар е можеби малку пред нас, но Охрид има тим за титула!
Blog post description.
РАКОМЕТ
10/2/20261 min read


Унгарскиот репрезентативец сака да го подигне својот тим и да слави на утрешната дерби пресметка со Вардар. Мате вели дека неговиот тим има ростер за титула.
„Охрид е навистина убаво место, градот е прекрасен, а за мене ова е нов проект. Тренерот Борис Ројевиќ ми кажа дека сака да ме врати на највисоко ниво, таму каде што бев претходно. Ми дава многу минути и голема доверба. Засега мислам дека сè оди многу добро и се надевам дека ќе продолжам да играм како во првите два-три месеци“, открива унгарскиот ракометар.
„Навивачите веројатно се најголемата разлика меѓу Скандинавија и Балканот. Овде има многу повеќе страст. Навивачите го живеат секој момент од натпреварот и тоа навистина ми се допаѓа“, вели Мате.
„Секој бод е важен, бидејќи бодовите се пренесуваат во плеј-офот. Сакаме да освоиме што повеќе бодови и да се позиционираме добро. Целта ни е да завршиме на првото или второто место и да се бориме за титулата. Сепак, пред нас има уште долг пат и многу важни натпревари“, истакнува десниот бек.
„Во овој момент можеби Вардар 1961 е малку пред нас, но тоа не значи дека не можеме да го победиме. Мислам дека сите четири екипи, вклучувајќи го и Алкалоид, можат да се борат за титулата оваа сезона. Никогаш не се знае што може да се случи. Веројатно сè ќе се решава во мај, така што пред нас има уште многу време и натпревари“, рече Мате.
