Матко ти ,,свари слатко" - Селекторе, не ви оди!

ФУДБАЛ

9/29/20261 min read

Матко му ,,свари" на Гоце Седлоски слатко...

Не му оди и не му оди на новиот селектор Гоце Седлоски. Вечерва испроба и нови лица, испроба и нова формација но тоа е тоа, на оваа Македонија под водство на Гоце Седлоски не и оди и не и оди. Можеби на крајот Седлоски ќе биде запишан во историјата и како најлош селектор што ја водел некогаш Македонија.

Навистина бројките се разочарувачки. Веќе шестти натпревар како што е селектор Седлоски, а ние не знаеме да го погодиме голот на противникот. Неславни рекорди руши Седлоски.

Што понатаму? Еве имаме уште еден дуел, оној во Скопје со Шкотска, но што понатаму? Се чини дека селекторот ги губи конците многу рано...