Миленко: Направената штета во Вардар ја санираме комплетно
ФУДБАЛ
10/22/20261 min read


”ФК Вардар АД денеска ја исплати редовната 21-ва рата по репрограм од УЈП. Тоа се долгови направени од сите предходни управи, одбори на директори, акционери и сопственици кон фудбалери, тренери, вработени за плати, пензиско и здравствено осигурување.
Остануваат уште 15 рати за клубот да остане без долгови.
Работејќи посветено, професионално и домаќински; работејќи исклучиво во интерес на клубот – догодина за Нова Година ФК Вардар АД по деценија-и-кусур конечно ќе се расчисти и ќе застане на здрави нозе. Направената штета ја санираме комплетно”, беше пораката испратена од Неделковски.
