Младеновска: Мора да веруваме во себе, имаме квалитет, отсекогаш сме имале!
РАКОМЕТ
9/25/20261 min read


Ива Младеновска беше одлична во победата над Србија. Постигна пет погодоци и беше една од најрасположените на теренот. Навистина Македонија има модерен бек шутер кој вреди и ќе вреди и во иднина со оглед на тоа што се уште е млада.
„Мислам дека ова е многу добар почеток за нас и момент што ни дава добра мотивација за понатаму. Имаме нов селектор, се уште се прилагодуваме, сите работи ни се нови, но мислам дека со овој нов систем можеме да направиме многу успех. Имаме квалитет, отсекогаш сме имале квалитет, треба да веруваме во себе и со работа може да постигнеме многу. Очекуваме добри натпревари со Црна Гора и со Хрватска, но и Србија има квалитет, покажавме дека можеме да играме со секого. Имаме добра конкуренција на овој турнир, но мислам дека нема некоја преголема разлика меѓу сите екипи“, изјави Ива Младеновска.
Браво за нашите девојки и само напред!
