Многу бргу згасна сонот на Неделковски за ,,дупла круна"
ФУДБАЛ
10/29/20261 min read


Фудбалерите на Тиквеш го нокаутираа Вардар со 3-1 на теренот на ФФМ во осминафиналето на Купот на Македонијa одигран вчера.
Првото полувреме во Скопје помина без голови на двете страни, но затоа нападот на двете екипи проработе во вториот дел од средбата.
По една неискористена шанса на „црвено-црните“ на стартот на вториот дел, пристигна казната во 49. минута кога Тиквеш погоди за предност од 1-0 преку Окере.
Вардар не чекаше долго пред да ја анулира негативата во 57. минута по една акција од десната страна на теренот откако во листата на стрелци се запиша Николов.
Со овој пораз на Вардар, многу рано во сезоната згасна сонот на Миленко Неделковски и најавите дека Вардар оваа сезона ќе оди на двојно славје. Сепак, постои шанса Вардар да го добие службено овој дуел, но Тиквеш негира и вели дека се е регуларно. Останува да сочекаме, но едно е јасно, Вардар беше надигран во целост од противникот и заслужено загуби.
