Модриќ: Првпат по 20 години чувствувам срам!!

ФУДБАЛ

10/5/20261 min read

Капитенот на хрватската репрезентација, легендарниот Лука Модриќ, е многу разочаран од дебаклот кој го доживеа Хрватска.

Хрватите во Ријека загубија од Англија со 0-7. Тоа беше најголемиот пораз во нивината историја.

„Тешко е да се најде објаснување за ваквата игра, без дуели, прекршоци, агресивност, заедништво… Тука сум 20 години, но првпат чувствувам срам по натпревар. Може да се загуби, некој е подобар, моментално тие се подобри, но да се загуби на ваков начин и вака да се прокоцка угледот што го градевме сите овие години е недозволиво. Навистина чувствувам срам“, рече Модриќ.