Може ли Седло да се насмее? Вечерва напаѓаме со Миовски, човекот кој добро ги познава противниците
ФУДБАЛ
10/3/20261 min read


Ќе успее ли Гоце Седлоски да го симне товарот од својот грб, Македонија да го постигне веќе тој фамозен гол и да запише позитивен резултат.
Седлоски одново вечер ги меша картите, па сега во шпицот на нападот ќе биде Бојан Миовски, кој ќе треба да му го донесе тој толку посакуван гол на селекторот. Дека Миовски можеби е најдобра опција во овој момент е фактот што овој играч игра на Островот и го познава стилот на Шкотска, а посебен мотив треба да му биде и тоа што малку игра во својот клуб, па да се докаже и покаже со гол.
Едно е јасно, вечерва Седлоски и Македонија немаат алиби, или ќе одиграат добар дуел или ќе потоне бродот уште повеќе. Време е за добра партија, или алиби нема.
