Може ли Вардар до добра игра и подвиг во Полска - ќе треба и Малус да се разбуди!

РАКОМЕТ

10/14/20261 min read

Ракометарите на Вардар вечерва (20:45 часот) ги очекува тешко гостување во Полска, каде што ќе се соочат со Висла Плоцк во рамките на четвртото коло од Лигата на шампионите.

За Вардар, еден од најважните предуслови ќе биде да го намали бројот на технички грешки и да најде решение за одбраната на противникот, но и да биде поконкретен во реализацијата. Во првиот натпревар во Скопје, Висла постигна 32 гола, што ја нагласува потребата за поголема дефанзивна стабилност на гостувањето. „Црвено-црните“ ќе мора да одиграат дисциплинирано во текот на сите 60 минути.

Исто така мора да се подобрат и голманите, бидејќи оваа сезона не се на висина на задачата. Едно е јасно, пред Вардар стои голем предизвик, а за добар резултат ќе треба да се разбуди и Јака Малус кој оваа сезона не е баш во добра форма и има пад во формата.

Останува да видиме вечерва како Вардар ќе се покаже и дали ќе ја подобри сликата.