Мурињо: Сите знаеме кој е најдобар!
Blog post description.
ФУДБАЛ
9/15/20261 min read


Мурињо не сакаше да коментира за изјавата на Јамал за ,,Златната топка“: Сите знаеме кој е најдобар!
Како што се наближува денот кога ќе се знае освојувачот, битката за „Златната топка“ во 2026 година станува сè пожестока, а во центарот на вниманието во последните денови е Ламин Јамал, кој изјави дека смета дека ја заслужува најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот пред Килијан Мбапе. Сепак, кога Жозе Мурињо беше прашан за ова, реакцијата на португалскиот стручњак беше многу кратка и јасна.
На прес-конференцијата пред мечот со Елче, новинарите го замолија Мурињо да ги коментира зборовите на Јамал и неговата кандидатура за “Златната топка“.
Португалецот не сакаше да влегува во контроверзии.
„Го почитувам, но не коментирам за тоа“, рече Мурињо и веднаш ја заврши темата.
Мурињо веќе го има својот фаворит. Според него, Килијан Мбапе е најдобар.
