Мурињо за „Ел Класико“: Загубивме 24 часа…

ФУДБАЛ

10/22/20261 min read

Реал ќе и гостува на Барселона во дуелот на најголемите шпански ривали и најсериозните кандидати за титулата и оваа сезона, а гостите го дочекуваат овој дуел со шест бодови заостанување зад актуелниот шампион.

Жозе Мурињо по вчерашната средба не сакал многу да зборува за претстојното „Ел Класико“, но не пропуштил можност да најде замерка за терминот на одигрување на средбата.

– Ќе се прикажеме во самоуверено издание во обид да го обезбедиме посакуваниот резултат.

– Ова е натпревар како и секој друг во однос на бодовите кои се освојуваат, иако е јасно дека има посебно значење. Ние веќе загубивме 24 часа во однос на ривалот, – рекол Мурињо, алудирајќи на фактот што Барселона го одигра својот натпревар во ЛШ еден ден порано.