Муслиу згреме: Репрезентација не е зае*анција!
ФУДБАЛ
10/4/20261 min read


„Треба многу нешта да промениме. Најпрво ние играчите треба да го смениме односот, но и психолошкиот пристап со кој влегуваме во натпреварите. Репрезентацијата не е зае*анција, ова е највисоко ниво на европскиот фудбал.
Мора да бидеме свесни дека играме во Лига Б, каде што има сериозни репрезентации и квалитетни фудбалери. Она што ние го покажуваме на теренот во последните натпревари очигледно не е доволно. Почнувајќи од мене, па до сите останати.
Јас секогаш прво тргнувам од себе. Под итно мора да промениме многу работи, затоа што вака повеќе не оди. Треба да се анализираме како тим, но и секој поединечно, за да најдеме начин да дојдеме до подобри резултати. Во репрезентацијата на крајот секогаш најважен е резултатот“, порача Муслиу.
