На кого му смета јак Вардар - трета победа во низа за шампионот!

ФУДБАЛ

10/17/20261 min read

Вардар ја оправда фаворитската улога и од гостувањето во Штип кај Брегалница се враќа со победа од 1-0.

Херој за „црвено-црните“ беше Бобан Николов кој одлично се снајде во 24-тата минута и со силен удар го матираше голманот на домаќините за 1-0. По постигнатиот гол, Николов покажа почит и не славеше против својот матичен клуб. Брегалница знаеше на моменти да испрати закана, но Талевски секогаш беше на висина на задачата.

Oва беше трета победа за Вардар во низа. Во одлична форма Вардар оди на дерби во Тетово кај Шкендија.