На Тиквеш му се заканува службен пораз - индикациите одат натаму
ФУДБАЛ
10/30/20261 min read


ФК Тиквеш победи на зелениот терен и заслужено го исфрли Вардар од Купот на Македонија, меѓутоа ја губи битката на зелената маса, бидејќи направи грешка која треба да го чини клубот службен пораз од ова натпреварување. Сите индикации велат дека овој тим ќе биде казнет и ќе биде исфрлен од Купот на Македонија, бидејќи во модерниот фудбал сите административни работи мора да бидат средени навреме.
Притоа, ова не е првпат да се констатираат несоодветно внесени податоци во системот Комет од страна на ФК Тиквеш. Повторувањето на ваквите ситуации отвора сериозни прашања за точноста на податоците што клубот ги внесува во официјалниот систем и за одговорноста на лицата задолжени за нивното ажурирање и контрола.
ФФМ потенцира дека за основаноста на жалбата ќе одлучува надлежната Натпреварувачка комисија, исклучиво врз основа на важечките правила и прописи.
ФФМ останува посветена на транспарентно информирање, почитување на пропишаните процедури и доследна примена на правилата, со еднаков пристап кон сите клубови, така велат од Федерацијата.
