НАВИВАЧИТЕ НА ВАРДАР ПРЕТЕРАА: ЕХФ упати предупредување - погледнете за што станува збор!

РАКОМЕТ

9/24/20261 min read

„Атмосферата на натпреварот против Нант беше наш вистински сојузник на теренот и најубава слика која таа вечер ја испративме од Скопје во цела ракометна Европа.

Меѓутоа, играњето во ракометната елита, покрај задоволството носи и одговорност, нешто кон кое мора да се придржуваме за доброто на нашиот Вардар.

Со секоја лоша постапка се урива токму таа слика која сакаме и се трудиме заедно да ја изградиме а покрај тоа клубот трпи и големи ригорозни, финансиски казни. За жал токму на натпреварот против Нант бевме сведоци на таков немил инцидент, кога од страна на поединци на теренот беа фрлени забранети средства, поради што од седиштето на ЕХФ до клубот пристигна опомена, која доколку на наредните натпревари се повтори слична постапка ќе значи и големи казни за клубот.

Вие сте најголемата сила на Вардар, вашата поддршка е тоа што во битките, особено во Скопје ни дава посебна сила и мотив, затоа да го бодриме клубот достоинствено и со почит кон противникот и сите присутни во салата“ – се вели во објавата на РК Вардар.