Не му оди на Раул и Партизан во ЛШ
10/8/20261 min read


Ракометарите на Партизан беа поразени и трет пат во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва во Белград немаа сила за изненадување против моќниот унгарски гигант Веспрем (26-37).
Партизан само на стартот успеа да одржи чекор со квалитетниот противник од Унгарија, а „црно-белите“ имаа и предност, но потоа блесна голманот на гостите Нилсен.
Нилсен до 16. минута успеа да запише дури 10 интервенции, а Веспрем го искористи тоа за да создаде водство од осум голови.
Веспрем продолжи да го диктира темпото и во второто полувреме, а притоа да ја полни мрежата на српскиот тим за на крајот да слави со 37-26.
Најефикасен во редовите на Партизан беше Кулеш со шест голови, додека Иван Мартиновиќ постигна шест погодоци за Веспрем.
На останатите натпревари, Криенс го совлада Колштад со 34-32, додека ГОГ славеше против Кристианштад со 37-32.
