Некогаш игравме и повредени, а денес сите се уморни или навредени!

ФУДБАЛ

9/29/20261 min read

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими даде опширно интервју за словенечкиот „Спортклуб“ пред вечерашниот дуел во Љубљана. Членот на Фудбалската федерација на Македонија отворено зборуваше за состојбите во националниот тим.

Ибраими се осврна на поразот од Швајцарија и истакна дека основната цел во Лига Б мора да биде опстанокот. Според него, најголем проблем е недостатокот на минутажа на нашите фудбалери во нивните клубови.

Посебен акцент стави врз односот на помладите генерации кон репрезентативниот дрес во споредба со неговата ера:

„Ние сакавме да играме за репрезентацијата дури и кога бевме повредени. Денешните играчи, кога играат, уморни се, а кога не играат, навредени се. Дури и ако играте само неколку минути, мора да дојдете во репрезентацијата среќни.“

Сепак, тој очекува многу подобро издание на Македонија на стадионот „Стожице“. Според Ибраими, нашиот стручен штаб треба да ги искористи слабостите на Словенците во дефанзивната транзиција.

„Првата цел мора да биде да преживееме во оваа група. Сепак, очекуваме бодови против Словенија. Играчите се мотивирани и верувам дека ќе бидеме многу поопасни отколку против Швајцарија.“

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија се игра вечерва со почеток од 20:45 часот.