„Нема повеќе доаѓање во репрезентацијата само за да се видат со роднините и пријателите“
ФУДБАЛ
11/4/20261 min read


Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, испрати јасна порака до фудбалерите пред претстојните натпревари против Шкотска и Словенија.
„Атмосферата во тимот е одлична, но ќе потенцирам дека нема да дозволувам повеќе да доаѓаат тука играчи само за да се видат со роднините и пријателите. Да одиграат 90 минути и да се вратат во своите клубови. И јас сум бил играч и знам како е да се биде репрезентативец. Се знае дресот како треба да се облече и како да се носи. Не може јас да бидам крив ако некој не се залага на тренинг или пак на натпревар. Кој и да е, нема да биде повикан, додека јас сум тука.
Во нападот имаме четворица фудбалери, од кои јас двајца сум тренирал – Азер и Марко. Марко се врати од повредата и почна да игра во својот клуб и сакам да видам како ќе се справи во селекцијата“, истакна македонскиот селектор.
