Несторовски го поздрави Седлоски со нови два гола!
ФУДБАЛ
10/11/20261 min read


Нов поздрав од прилепчанецот Нестровски до неговиот исто така прилепчанец, Гоце Седлоски.
Македонскиот фудбалски ас, Илија Нестровски продолжува со импресивните игри во хрватскиот шампионат каде оваа вечер нова „жртва“ му беше Ријека.
Искусниот напаѓач потврди дека е во одлична форма и со два погодоци даде огромен придонес во убедливата победа на Славен Белупо од 4-1.
Првиот негов гол во 69 минута беше вистинско ремек дело и поради тоа доби сериозен комплимент од хрватскиот коментатор и тоа „Доктор Илија“. Во тие моменти стрелаше за 3-1, а во 74 одново се најде на вистинско место и го постави конечниот резултат.
