Несторовски го поздрави Седлоски со нови два гола -има повеќе голови од сите напаѓачи заедно

ФУДБАЛ

11/8/20261 min read

Уште еден поздрав до Седлоски - ова беше играчот кој ќе го прекинеше постот на Македонија без даден гол, но...

Славен Белупо стигна до петтата победа во хрватското првенство, откако во натпревар со осум гола ја совлада Горица на гостински терен со 5-3, во натпревар од 13. коло на ХНЛ.

Илија Несторовски
одигра одличен натпревар и со два погодоци имаше голем придонес за триумфот на својот тим.

Поранешниот македонски репрезентативец првпат се радуваше во 17. минута, кога погоди за водство од 1-0, а во 65. минута повторно ја затресе противничката мрежа, овојпат од пенал, за предност на Славен од 4-3.

Со овие два погодоци, Несторовски стигна до бројката од девет гола во првенството, на кои има додадено уште два во Купот на Хрватска. Македонскиот напаѓач, и покрај тоа што има 36 години, игра во одлична форма и е еден од најважните фудбалери во својот тим.