Несторовски: Не сум откажан од Македонија - ако некој се сети на мене!
ФУДБАЛ
10/19/20261 min read


Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Славен Белупо, Илија Несторовски потсети дека е тука за Македонија кога и да затреба.
„Најголема фудбалска цел која не ја остварив е единствено што со Македонија не играв на тоа Европско првенство. Но, тоа е што е. Беше таа лоша повреда. Од другото играв во најсилните топ-5 лиги. Можеби ете некое Светско првенство, ако пак ме викнат во репрезентацијата, затоа што се вратив во добра форма. Никогаш не знаеш. Не се откажав од репрезентацијата, ако дојде повик секогаш сум достапен за Македонија. Да се игра за државата е гордост. Секогаш сум на располагање. Во последните години не ме викаат, но не ми е проблем, повеќе сум со семејството. Ама ако некој се сети на мене, тука сум“, изјави Несторовски.
„Моментално, живеам месец за месец, ден за ден. НЕ знам што ќе биде со мојата кариера. Пред почетокот на оваа сезона размислував дека ќе биде ова моја последна сезона, но играм добро и навистина не знам. Нема многу да мудрувам, ќе видам што ќе биде кога ќе заврши со Славен договорот дали ќе одиграм уште една година или ќе завршам. Но, сигурно до јуни ќе играм фудбал, а потоа ќе видиме, ќе одлучиме со семејството. Можеби никој нема да ме сака на 37 години“, изјави прилепчанецот.
