Ни Д од дерби, Вардар пресилен за Охрид

РАКОМЕТ

10/4/20261 min read

Актуелниот македонски шампион Вардар не дозволи неизвесност на вчерашното соочување со Охрид во ракометната Супер лига и обезбеди убедлива победа против екипата која најави уште поголеми амбиции во новата сезона.

Љевар, Абделхак и Фадуил беа најефикасни во победничкиот тим со по 5 голови, додека Јошида ги предводеше охриѓани со 4 голови.

Вардар останува максимален, додека пак Охрид го доживеа својот прв пораз во новата сезона.