Никола Ѓоргиев: Многу бевме лути, моравме да покажеме кои сме!!
ОДБОЈКА
9/17/20261 min read
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, после победата над Израел не можеше да не го спомне поразот од Португалија во клучниот меч за пласман во осминафиналето на ЕП 2026. Вчера бевме непријатно шокирани, денеска дојде пријатното изненадување во Софија за чесно простување од Европското првенствo.
„Притисокот и преголемата желба ни направија проблем како и на некои претходни првенства. Тоа е нешто на кое треба да работиме следните, дај боже, европски првенства. Ќе треба трпение и мудра игра. Таа преголема желба, не спиевме, само на тоа мислевме, го одигравме еден од најслабите мечеви кои некогаш сме ги играле во дресот на Македонија. Тој преголем мотив да ја израдуваме нацијата да направиме историја, влијаеше лошо на нас. Денеска бевме многу лути, моравме да покажеме кои сме и од што сме направени. Им честитам на момците и стручниот штаб, посебно на селекторот Јошко Миленкоски кој не заслужи на 66 години и сета посветеност кон нас цело лето, да завршиме со пет порази. Се надевам на подобри времиња“, рече Ѓоргиев.


