Никовски го ,,прелета" Прилеп - фантастични 15 минути на 5км!!
АТЛЕТИКА
10/18/20261 min read


Над 1.100 учесници беа дел од годинашното издание на спортската манифестација „ЧЕ ТРЧАМЕ“ во Прилеп.
На трката на 5 километри во машка конкуренција, убедлив настап имаше Григоријан Никовски кој потврди дека се наоѓа во одлична форма. По скопскиот маратон каде забележа голем, одличен резултат, утринава Никовски буквално го прелета Прилеп и за време од 15:28 ја заврши својата трка за убедливо прво место и уште еден подиум.
Навистина фанстастични резултати белеши нашиот атлетичар кој во догледно време ќе има настап и на интернационална трка надвор од границите на Македонија.
