Нов кикс на Миленко: Вардар ќе биде казнет поради слаба организација на мечот каде што немаше публика

ФУДБАЛ

9/26/20261 min read

Само што ја одработи казната за слаба организација на мечот со Арсими, при што Вардар беше казнет со меч без публика, Дисциплинската комисија при ФФМ повторно го има на дневен ред актуелниот првак.

Овојпат во прашање е токму дуелот кој што Вардар го одигра без публика, а тоа е оној против тимот на Шкендија Арачиново.

„Против ФК „Вардар“ се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација, односно присуство на повеќе лица од дозволениот број во ВИП-ложата на натпреварот против ФК „Шкендија Арачиново 77“ , објави Фудбалската Федерација на Македонија.