Од Европско првенство, до броење на шутеви во рамка на гол - што ли се случува со Македонија под водство на Седлоски?

ФУДБАЛ

10/7/20261 min read

Конечно заврши ,,маката" на македонската фудбалска репрезентација, барем засега, барем за овој месец. Гоце Седлоски седна на селекторската функција на местото на Благоја Милевски арно ама засега ништо не направи.

Ајде, дури беше во ФК Вардар немаше многу време да се посвети и да следи играчи, но сега кога остана без работа во ФК Вардар, требаше да се посвети и да следи, да анализира, арно ама ништо не анализирал, бидејќи резултатите така кажуваат.

Ова беше навистина црн, многу црн период за македонскиот фудбал. Вакво мачење не паметиме кога последен пат сме доживеале во еден квалификациски циклус, можеби никогаш. Во ред е да загубиш од репрезентации како Швајцарија, Шкотска, па ајде и Словенија, ама да не одигра ама баш ништо и да не постигнеш ниту еден единствен погодок во овие четири дуели е рамно на катастрофа. Кој што сака нека рече, нека анализира, нека напише - но Гоце Седлоски има катастрофални резултати како селектор на Македонија, резултати кои во некоја друга фудбалска земја ќе му донесеа отказ досега.

Се промени и дел од стручниот штаб. Се донесе Бобан Грнчаров кој видовме како дава сугестии, највеќе при корни, но и тоа не вроди со плод. Се донесе и нов кондиционен тренер, но и тоа засега не донесе никаков резултат, па се прашуваме во што е проблемот? Ќе повториме уште еднаш, во ред е да загубиш од овие фудбалски земји, ама да имаш само два шута во рамката на противничкиот голман на четирите дуели е рамно на катастрофа. Па Македонија играше на Европско првенство пред неколку години.. До каде ни стаса фудбалот, да ги броиме ударите во противничкиот гол? Навистина жално, аларматично.

Алармот е вклучен. Следува одмор од некаде еден месец, период во кој Седлоски, стручниот штаб и ФФМ треба да седнат и да анализираат, да увидат каде Македонија греши и зошто дојдовме до оваа црвена зона.