Од Шкендија Арачиново велат дека нема да трпат неправди

ФУДБАЛ

10/18/20261 min read

На состанокот била изразена целосна поддршка за понатамошните чекори што планира да ги преземе потесното раководство на клубот. Од Шкендија најавуваат дека конкретни потези ќе има уште на почетокот на следната недела, но не открија за што точно станува збор.

Низ медиумите од Македонија на албански јазик, се појавија и информации дека сценариото може да биде и она најрадикалното, тоа е ако Шкендија Арачиново не добива почит, да следи истапување од Првата лига.

Останува да сочекаме и да видиме какви ќе бидат чекорите на клубот.