Официјално: Меси е нов „газда“ на шпански тим!
ФУДБАЛ
10/2/20261 min read


Лионел Меси официјално го презема шпанскиот второлигаш Елденсе и со тоа влегува во професионалниот фудбал и во улога на сопственик. Клубот од Елда потврди дека аргентинската фудбалска ѕвезда ја презела сопственоста, по неколкунеделни преговори со досегашниот сопственик, инвестициската група TH Soluciones.
Меси ги презема сите акции на клубот, но трансакцијата сè уште треба да добие задолжително одобрение од шпанскиот Врховен совет за спорт. Елденсе е основан во 1921 година и моментално настапува во втората шпанска лига.
За Меси ова е втор клуб во Шпанија во неговото инвестициско портфолио, откако во април го презеде Корнеља, кој се натпреварува во понизок ранг.
