Омерагиќ: Дупка и неработење не можеме за една година да поправиме!

ФУДБАЛ

10/16/20261 min read

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ јавно го кажа својот став околу младинските селекции.

„Ние сега ја плаќаме сметката на минатото неработење каде што имаше селектори коишто немаа никаква лиценца младите селекции, каде место во младите репрезентации се купуваше со плаќање, каде што селекторот беше книговодителот на претседателот... Како да како да ви објаснам, не работеле во минатото, ние сега тоа го исправаме, но не можеме да го исправиме за година и пол дена, ниту Христов, ниту Пандев, ниту Новески, ниту Најдовски може да сето тоа да го средат што е оставено. Ние бенефит од Европското првенство немаме никаков.

Што се направи после Европското за да се произведат нови играчи, нови терени, да се работи на производство на млади играчи... Кога последен играч е турнар вака во репрезентацијата како Гаштаров? Кај нас играат во репрезентација 26. играчи во чешка или словачка лига, а не се земаат играчо од домашно првенство кои играат по 90 минути. Или некои без клуб по 2 години, па играа во репрезентацијата“, рече, меѓу другото, Омерагиќ.