Омерагиќ: Јас не сум човек што луѓето така лесно ги пушта низ вода!
ФУДБАЛ
10/15/20261 min read


Омерагиќ кажа дека Седлоски ја има целосната поддршка од раководството на ФФМ.
„Апсолутно ја има поддршката. Јас не сум човек што луѓето така лесно ги пушта низ вода, особено кога ќе влезете во вакви процеси. Гоце Седлоски своето знаење го докажал со титули, освоени купови. И последните два селектори почнаа лошо ако се сеќавате, со многу послаби противници. Тие немаа во првите седум, осум или 10 натпревари, вакви противници од ваков ранг и имаа лоши резултати, односно променливи резултати. Тоа е разбирливо во фудбалот. Треба почеток на привикнување, играчите да го разберат неговиот карактер и размислување. Мислам дека е преголема критиката врз него и неоправдани се тие напади. Меѓутоа, свесни сме сите кои што сме на овие позиции дека сме подложни на напади, навреди и критики. Тоа е составен дел од фудбалот, тоа е нормало. Меѓутоа, тој ја има нашата поддршка и ќе продолжи да ја има од сите нас кои сме во раководството и спортскиот сектор затоа што знаеме дека ова не е лесно“, кажа Омерагиќ.
Целото интервју на Омерагиќ за „Телма“ може да го погледнете ТУКА
